вторник, 19. март 2024. Вести денес: 0
home Хроника

Девојка со автомобил удрила во три паркирани возила, завршила со болница

Девојка со автомобил удрила во три паркирани возила, завршила со болница
илустрација

На 18.11.2021 во 13.40 часот во СВР Скопје било пријавено дека на ул.„Христијан Тодоровски Карпош“, патничко возило „цитроен“, со скопски регистарски ознаки, управувано од А.А.(22) с.Сарај, скопско, удрило во три паркирани патнички возила – „пежо“ и „форд фокус“, двете со скопски регистарски ознаки, и „киа“, со кумановски регистарски ознаки, информира МВР.

Притоа, А.А. се здобила со тешки телесни повреди, констатирани во Комплекс клиники „Мајка Тереза“.

Увид на местото извршила екипа од СВР Скопје.