четврток, 28. декември 2023. Вести денес: 0
home Хроника

Девојка тешко повредена откако со автомобил излетала од пат

Девојка тешко повредена откако со автомобил излетала од пат

Автомобил „фиат пунто“, со скопски регистарски ознаки, управуван од М.О.(23) од с.Зелениково, скопско, излетал од пат.

Несреќата, информираат од МВР, се случила вчера во 20 часот на патот с.Морани –  с.Зелениково.

-Во незгодата со тешки телесни повреди се здобила М.О., по што била пренесена во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ за укажување на лекарска помош, информираат од полицијата.

Извршен е  увид на местото на незгодата од увидна екипа од СВР Скопје.