На 30.09.2022 во 18:11 часот во СВР Скопје, Д. Ј. (22) од Скопје, пријавил дека околу 17:45 часот во приватна здравствена установа на подрачје на Чаир по претходна расправија околу ред за влегување, бил физички нападнат од Љ.Ч., кој употребил и остар предмет.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
На 01.10.2022 во 01.10 часот во Полициска станица Бит Пазар Љ.Ч.(26) од Скопје пријавил дека на 30.09.2022 околу 18.00 часот во здравствена установа на подрачје на Чаир по претходна расправија бил физички нападнат со тврд предмет од едно лице.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.