Во Полициска станица Чаир, 46-годишната Б.С. од Скопје, вчера во 23:55 часот, пријавила дека истиот ден околу 19:30 часот додека била во нејзиниот дом во населба Шуто Оризари заедно со нејзината сестра А.А., нејзината тетка Б.Д. и другарка М.А., во еден момент нејзината сестра добила телефонски повик од нејзината ќерка А.Б. со која се договориле да излезе надвор со цел да расчистат некои работи.
Половина час подоцна Б.С. и М.А. излегле надвор и ја виделе А.Б. која била заедно со уште неколку лица и истите физички ја нападнале пријавителката.
Откако лицата го напуштиле местото на настанот пријавителката забележала дека златниот ланец кој го носела на вратот и го нема.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.