понеделник, 25. декември 2023. Вести денес: 0
home Хроника

Драма во Шутка: Масовна тепачка меѓу соседи, кога се смириле тие, се степале нивните роднини

Драма во Шутка: Масовна тепачка меѓу соседи, кога се смириле тие, се степале нивните роднини
фото-илустрација

На 31.08.2019 во 19:30 часот било пријавено дека на ул.„Волт Дизни“ по претходна вербална расправија околу нарушени меѓусоседски односи бил нарушен јавниот ред и мир со меѓусебна пресметка помеѓу А.Н.(33), Ѓ.Б.(43) од една страна, и  Р.Џ.(31), Р.Н.(36), од друга страна.

Во 21:30 часот било пријавено дека на истата улица повторно бил нарушен јавниот ред и мир со меѓусебна пресметка меѓу членови на истите семејства односно помеѓу Б.Н.(45), Ѓ.Б.(43) и Б.Е.(21), од една страна, и  Р.Џ.(31) и Р.Ф.(50), од друга.

Против нив ќе бидат поднесени соодветни поднесоци.