На 08.07.2023 во Полициско одделение Шуто Оризари е пријавено дека на 07.07.2023 околу 11:00 часот на подрачјето на Шуто Оризари, по претходно недоразбирање и меѓусебна расправија, бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу женските лица А.А.(35), Х.А.(56) и С.А.(23), од една страна, и машките лица Д.Г.(44) и С.Г.(61), од друга страна, сите од Скопје.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.