Малолетничка е повредена откако била удрена од автомобил.
Несреќата се случила вчера во 18 часот на ул.„Вељко Влаховиќ“ во Дебар кога патничко возило „мерцедес“, со англиски регистарски ознаки, управувано од Ф.Х.(32) од селото Боровјан – Република Албанија, удрил во малолетничка по што избегал од местото.
-Малолетничката била пренесена во болницата „Св.Еразмо“ во Охрид за укажување лекарска помош, информираат од МВР.
Полициската станица од Дебар презема мерки за расчистување на случајот.