сабота, 30. декември 2023. Вести денес: 0
home Хроника

Двајца пешаци повредени во тешка сообраќајка во Кондово

Двајца пешаци повредени во тешка сообраќајка во Кондово

Малолетник и 18 годишно момче се повредени во сообраќајна несреќа која вчера околу 13:30 часот се случила во скопско Кондово.

Од полицијата информираат дека во несреќата учествувале „ауди“, со скопски регистарски ознаки, управувано од М.О.(40) од с.Долно Свиларе, „фолксваген голф“, со косовска национална ознака, управуван од Р.С.(31) од с.Кондово и паркиран „мерцедес“, со скопски регистарски ознаки.

-Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил малолетен пешак од с.Паничари, скопско, а уште еден пешак, Ш.А.(18) од Скопје, се здобил со телесни повреди, констатирани во комплекс клиники „Мајка Тереза“, информира МВР.

Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.