петок, 10. ноември 2023. Вести денес: 0
home Хроника

ДВАЈЦА ПОВРЕДЕНИ: Возилото кое удри во ограда во Делчево е сопственост на МВР, се обиделе да избегнат судир

ДВАЈЦА ПОВРЕДЕНИ: Возилото кое удри во ограда во Делчево е сопственост на МВР, се обиделе да избегнат судир
delcevo365.mk

Во Полициската станица Делчево вчера во 17 часот било пријавено дека на бул.„Македонија“, патничко возило „рено меган“, сопственост на МВР, управувано од полициски службеник, при обид да избегне судир со друго возило, изгубило контрола и удрило во ограда помеѓу коловозните ленти, информираат од Министерството.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот, а сопатникот, исто така, вработен во МВР, се здобил со телесни повреди, констатирани во Комплекс клиники „Мајка Тереза“.

Увид извршиле Јавен обвинител, увидна екипа од ОВР Берово и полициски службеници од Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди.