четврток, 9. ноември 2023. Вести денес: 0
home Хроника

Двајца велосипедисти прегазени во Тетово, возачот на автомобилот тешко повреден

Двајца велосипедисти прегазени во Тетово, возачот на автомобилот тешко повреден
илустрација

На 08.12.2021 во 23.30 часот во СВР Тетово било пријавено дека на кружниот тек од бул.„Видое Смилески Бато“ со ул.„Браќа Миладинови“ во Тетово, патничко возило „мерцедес“, со тетовски регистарски ознаки, управувано од Б.И.(48) од Тетово, удрило во два велосипеда управувани од С.М.(54) и В.Р.(39), двајцата од Тетово, информира МВР.

Во несреќата возачот се здобил со тешки телесни повреди, а двајцата велосипедисти се здобиле со телесни повреди, констатирани во Клиничката болница во Тетово.

Извршен бил увид на местото на настанот од увидна екипа од СВР Тетово.