петок, 24. ноември 2023. Вести денес: 0
home Хроника

Двајца велосипедисти тешко повредени: Едниот паднал, другиот бил удрен од автомобил

Двајца велосипедисти тешко повредени: Едниот паднал, другиот бил удрен од автомобил
илустрација

Двајца велосипедисти се здобиле со тешки повреди во две одвоени несреќи кои се случиле во текот на вчерашниот ден.

Во првиот случај на магистралниот пат Гостивар – Кичево, кај с.Трапчин Дол, М.М.(48) од с.Трапчин Дол, управувајќи велосипед, паднал на коловозот.

Велосипедистот се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Медицинскиот центар во Кичево.

Во вториот случај, автомобил „фолксваген венто“ со струмички регистарски ознаки, управуван од К.С.(53) од село Баница, струмичко, удрил во велосипед управуван од Т.С.(64) од село Марвинци, валандовско.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил велосипедистот, констатирани во Медицински центар Гевгелија, информира МВР.

Во двата случаи полициски екипи извршиле увид.