четврток, 4. јануари 2024. Вести денес: 0
home Хроника

Двајца малолетници и маж повредени во сообраќајка во Битола

Двајца малолетници и маж повредени во сообраќајка во Битола
илустрација

Три лица од кои двајца малолетници се повредени во сообраќајна несреќа  која вчера во 10.05 часот се случила на крстосница од ул.„Довлеџик“ и крак од ул.„Довлеџик“ во Битола.

Во несреќата учествувале автомобил „фолксваген голф“ со битолски регистарски ознаки, управуван од З.Б.(33) од Битола, со живеалиште во Австралија, автомобил „рено меган“ со битолски регистарски ознаки, управувано од П.Г.(41) од Битола и автомобил „нисан терано“ со битолски регистарски ознаки, управувано од А.Т.(42) од Битола.

-Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил малолетен сопатник во возилото „фолксваген голф“, констатирани во Клиничка болница Битола. Додека, со телесни повреди се здобиле Љ.А.(60) од Битола, сопатник во возилото „фолксваген голф“ и малолетна сопатничка во возилото „рено меган“, констатирани, исто така, во Клиничка болница Битола, информира МВР.

Увид на местото на несреќата извршила екипа од СВР Битола.