сабота, 16. декември 2023. Вести денес: 0
home Хроника

Двајца повредени во сообраќајка во Гостивар

Двајца повредени во сообраќајка во Гостивар
илустрација

На 29.06.2023 во 12.45 часот било пријавено дека во Гостивар на ул.„101“ се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко моторно возило „ауди“ со гостиварски регистарски ознаки, управувано од Ф.М.(36) од Гостивар и патничко моторно возило „фолксваген голф“ со гостиварски регистарски ознаки, управувано од А.Б.(58) од Гостивар, информира МВР.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил Ф.М., а со телесни повреди се здобил А.Б. констатирани во Општата болница Гостивар.

Извршен бил увид од увидна екипа од ОВР Гостивар.