На 13.05.2020 во 00.35 часот на ул.„Крушевска Република“ во Струмица се случила сообраќајна незгода во која М.Т. (28) од Струмица, управувајќи мотоцикл „хонда“, со бугарски регистарски ознаки, изгубил контрола и паднал на коловозот.
-По незгодата, М.Т. и сопатникот Ј.Д.(28) од Струмица биле префрлени во Медицински центар Струмица, каде на Ј.Д. му биле констатирани тешки телесни повреди, а на М.Т. телесни повреди, информираат од МВР.
Увид на местото на незгодата извршила екипа од Полициска станица Струмица.