На 06.06.2022 околу 13.10 часот во СВР Штип било пријавено дека на автопат Миладиновци – Штип се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „голф“, со радовишки регистарски ознаки, управувано од Ѓ.Ѓ.(27) од Радовиш и патничко возило „ауди“, со скопски регистарски ознаки, управувано од Т.С.(34) од Струмица.
-Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот на возилото „голф“ и совозачот К.Т.(40) од Радовиш, констатирани во Клиничка болница Штип, информира МВР.
Увид бил извршен.