На крстосница од улиците „Васил Главинов“, „Генерал Михајло Апостолски“, „Вита Поп – Јорданова“ и мост кој ги поврзува со кеј „Маршал Тито“ во Штип вчера околу 23 часот се случила сообраќајна несреќа.
Како што информираат од полицијата во несреќата учествувале патничко возило „матиз“, со штипски регистарски ознаки, управувано од Е.Л.(47) од Штип, удрило во пешаците Р.К.(70) и Г.Т.П.(62) од Штип.
-Во несреќата, Г.Т.П. се здобила со тешки телесни повреди, а Р.К. се здобила со телесни повреди, констатирани во Клиничка болница Штип, велат од МВР.
Извршен бил увид на местото од увидна екипа од Полициската станица во Штип.