среда, 28. февруари 2024. Вести денес: 0
home Хроника

Две жени и дете повредени во сообраќајка кај Марвинци

Две жени и дете повредени во сообраќајка кај Марвинци
илустрација

На 09.08.2023 во 10.40 часот во ОВР Валандово било пријавено дека на регионалниот пат кај с.Марвинци, валандовско, се случила сообраќајна несреќа помеѓу две патнички моторни возила „пасат“, едното со кумановски регистарски ознаки, управувано од Д.Ј.(43) од Куманово, а другото со српски национални ознаки, управувано од В.А.(52) од Република Србија.

-Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила сопатничка во возилото со кумановски ознаки, Л.Ј.(62) од с.Отошница, општина Ранковце, констатирани во Општа болница Гевгелија, додека две сопатнички од другото возило, С.А.(50) и малолетничка, двете од Република Србија се здобиле со телесни повреди, информира МВР.

Извршен бил увид од увидна екипа од ОВР Валандово.