среда, 29. ноември 2023. Вести денес: 0
home Хроника

Едниот вперил пиштол, другиот замавнувал со предмети: Две различни пријави за ист немил настан во Чаир

Едниот вперил пиштол, другиот замавнувал со предмети: Две различни пријави за ист немил настан во Чаир

На 18.10.2022 во 21:05 часот во Полициската станица Чаир, Д.А.(20) од Скопје пријавил дека околу 20:40 часот на подрачјето на Чаир, додека бил со Е.А.(22) и со Б.Д.(34) во патничко возило „ауди Q5“, со скопски регистарски ознаки, И.М., Р.М. и И.М., кои биле со  патничко возило „фолксваген пасат“ замавнувале со тврд и остар предмет кон нивното возило.

Исто така, во 22:00 часот во Полициската станица Чаир, И.М.(30) од Скопје пријавил дека околу 20:40 часот на подрачјето на Чаир, додека управувал патничко возило „фолксваген пасат“, со скопски регистарски ознаки, во кое бил и И.М., се разминале со патничко возило „ауди Q5“, со скопски регистарски ознаки, во кое биле три лица, од кои едното вперило огнено оружје кон нив. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.