понеделник, 11. декември 2023. Вести денес: 0
home Хроника

Едно лице полесно повредено во сообраќајка во Скопје

Едно лице полесно повредено во сообраќајка во Скопје

Едно лице се здобило со лесни телесни повреди во една од вкупно шест сообраќајки што се случиле во текот на вчерашниот ден на подрачјето на СВР Скопје. Во пет сообраќајки била причинета материјална штета.

Од СВР информираат дека вчера сообраќајната полиција открила и исклучила од сообраќај двајца возачи кои го управувале возилото под дејство на алкохол и четири нерегистрирани возила.

Санкционирала и еден возач кој поминал на крстосница на црвено светло и еден возач кој не дал првенство на минување на пешаците на обележан пешачки премин.

Осум пешаци поминале коловоз вон пешачки премин и тројца пешаци кои поминале коловоз на црвено светло биле исто така санкционирани од сообраќајната полиција.

Со специјалното возило „пајак“ биле отстранети 82 возила.