среда, 27. декември 2023. Вести денес: 0
home Хроника

Едно лице повредено во сообраќајка на патот Струмица-Ново Село

Едно лице повредено во сообраќајка на патот Струмица-Ново Село
илустрација

На 17.03.2022 во 23.30 часот во СВР Струмица било пријавено дека на магистрален пат А-4 Струмица-Ново Село се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко моторно возило „бмв“ со струмички регистарски ознаки, управувано од П.И.(32) од село Гечерлија, струмичко и патничко моторно возило „фолксваген поло“ со струмички регистарски ознаки, управувано од Т.Д.(19) од село Босилово.

-Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил сопатникот во возилото „поло“, Р.Д.(52) од село Босилово, констатирани во Медицински центар Струмица, информира МВР.

Увид на местото извршила екипа на Полициската станица Струмица.