На 12.04.2022 околу 09:00 часот во ОВР Струга приведени се С.М.(37) и Б.К.(42), двајцата од Струга.
При претходно извршен преглед кај месноста „Сатеска“, полициските службеници ги затекнале при користење метадон и кај нив пронашле шприц со метадон.
Против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.