На 18.07.2021 од 01.35 часот во Гостивар од полициски службеници од Полициска станица Гостивар е приведен и задржан С.Ф.(33) од с.Беловиште, гостиварско, постапувајќи по претходна пријава од М.И.(30) од Гостивар според која околу 00.20 часот во простории на такси компанија во Гостивар, по претходна расправија, бил физички нападнат од пријавениот, по што настанала меѓусебна физичка пресметка.
По документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.