Мотоциклист е повреден во сообраќајна несреќа која утринава се случила на булеварот „Партизански Одреди“ кај Соборниот храм.
Од МВР за Курир велат дека несреќата кај нив била пријавена во 09:50 часот.
-Во несреќата учествувале транспортно комбе и мотоцикл, двете со скопски регистерски означи. Со повреди се здобил мотоциклистот кој е пренесен во ГОБ „8 Септември“, информираат од МВР за Курир.
Полициски екипи на местото на несреќата извршиле увид.