недела, 11. февруари 2024. Вести денес: 0
home Хроника

ФОТО: Сообраќајка пред патарината Глумово, учествувало и возило на МВР

ФОТО: Сообраќајка пред патарината Глумово, учествувало и возило на МВР

Сообраќајна несреќа во која учествувало и возило во сопственост на МВР се случила утринава пред натплатната рампа Глумово, дознава Курир.

Според првичните информации од Министерството, пријава за несреќата добиле околу 8:40 часот, а во истата учествувале три возила меѓу кои и полициска „Шкода Јети“.

Засега не е познато дали во несреќата има повредени лица.

Од МВР за Курир велат дека увидот е во тек, а по негово завршување ќе можат да соопштат повеќе информации.