среда, 13. декември 2023. Вести денес: 0
home Хроника

ФОТО: Сообраќајка во Кисела Вода, полицијата врши увид

ФОТО: Сообраќајка во Кисела Вода, полицијата врши увид

Сообраќајна несреќа помеѓу две возила околу 13 часот се случи во Кисела Вода.

Од МВР за Курир велат дека во несреќата, според пријавата учествувале автомобил „Пежо“ со германски национални ознаки и автомобил „Фиат“ со скопски регистерски таблички.

Според првичните информации причинета е само материјална штета, но повеќе детали ќе бидат познати по завршување на полицискиот увид кој е во тек.