понеделник, 11. декември 2023. Вести денес: 0
home Хроника

ФОТО: Тепачка во кафана, не се бирало кој предмет ќе се искористи

ФОТО: Тепачка во кафана, не се бирало кој предмет ќе се искористи

Физичка пресметка се случила синоќа во угостителски објект во Кавадарци, се расчистува случајот, потврди Верољуб Додевски, портпарол на СВР Велес.

Во 23 часот било пријавено дека во угостителски објект во Кавадарци дошло до нарушување на јавниот ред и мир со физичка пресметка меѓу М. П. (43) од Крива Паланка, И. Ѓ. (43) од Кавадарци и А.М. (20) од светиниколското село Лозово од една страна и Л.Т. (34) од кавадаречкото село Бегниште од друга страна. Во физичката пресметка биле употребени и различни предмети, рече Додевски.

Се работи на расчистување на случајот.