Сообраќајна несреќа во која учествувале три возила се случила синоќа околу 2 часот по полноќ, информираат од МВР за Курир.
Според нивните информации во несреќата случена на булевар „Мајка Тереза“, поранешна Водњанска, учествувале автомобили „Мерцедес“, „БМВ“ и „Волсваген Пасат“, а со повреди се здобиле две лица кои биле пренесени во Клиничкиот центар за укажување лекарска помош.
Идентитетот на возачите и повредените се уште не е познат.
Од МВР за Курир посочија дека полициски екипи на местото на несреќата извршиле увид.
ДОПОЛНЕНИЕ:
Редакцијата ја Курир беше контактирана од возачот на возилото „БМВ“, кое во телефонски разговор демантира дека е учесник во сообраќајната несреќа.