Тешка сообраќајна несреќа се случи вечерва во Бутел. Две возила, од кои едното е марка „ауди“ се судрија на булеварот „Босна и Херцеговина“.
Предниот дел на второто возило е целосно искршен. На булеварот се распрскани и делови од возилата, како и течност.
На местото има и полиција која прави увид. Непознато е како се случила несреќата. Нема информации за повредени лица. Се очекува МВР да даде детали, пренесува Скопје1.