Тешка сообраќајна несреќа вечерва се случи на булеварот „Партизански Одреди“ кај Порта Влае.
Во несреќата се оштетени повеќе возила, урната е метална бандера со помал билборд. Неофицијално, во несреќата повредени се две лица.
Полициски екипи и Брза помош се на терен, каде во тек е увид.
Засега нема повеќе детали од МВР за сообраќајната несреќа.