петок, 10. ноември 2023. Вести денес: 0
home Хроника

Ги пресретнал со автомобил, па им се заканувал со пиштол

Ги пресретнал со автомобил, па им се заканувал со пиштол
илустрација

На 21.06.2022 во 19:20 часот во Полициската станица Драчево, И.Б. пријавил дека околу 14:00 часот на бул.„Борис Трајковски“, Р.А. од с.Батинци, скопско, со неговото возило „бмв“ го пресретнал возилото „фолксваген пасат“ во кое бил тој и С.М.(27), при што им се заканил со пиштол.

Тој го оштетил и нивното возило.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.