На 11.04.2019 околу 18:10 часот во СВР Скопје, А.Р.(33) од село Батинци, Скопско, пријавил дека додека го напасувал добитокот во атар на село Батинци, на место викано „Поток“, од возило со швајцарски национални ознаки излегло лице кое пукало и го погодило неговото куче. Се преземаат мерки за расчистување на случајот, информираат од МВР.