На 16.09.2021 во 21:20 часот во СВР Скопје било пријавено дека во угостителски објект во Скопје, по претходна расправија, А.Ш.(24) и И.Ш.(53), двајцата од с.Љубин, скопско, биле физички нападнати од М.Р., Х.Р. и уште две лица.
Според пријавеното, притоа Х.Р. со пиштол му се заканил на А.Ш..
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.