среда, 29. ноември 2023. Вести денес: 0
home Хроника

Гостиварец му се заканувал на адвокатот на неговата сопруга со цел да ја повлече бракоразводната парница

Гостиварец му се заканувал на адвокатот на неговата сопруга со цел да ја повлече бракоразводната парница

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Гостивар поднесе кривична пријава против А.А.(51) од с.Колари, кичевско, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „загрозување на сигурноста”.

Во периодот од ноември 2019 до 16.12.2019 пријавениот по телефон му упатувал закани по животот на Л.С.(39) од с.Здуње, гостиварско, адвокат на неговата сопруга А.Ф., со цел да ја повлече бракоразводната парница.