сабота, 16. декември 2023. Вести денес: 0
home Хроника

Грци тешко повредени во сообраќајка, излетале со автомобилот од скопска обиколница

Грци тешко повредени во сообраќајка, излетале со автомобилот од скопска обиколница

На 04.08.2022 во 06.20 часот во СВР Скопје било пријавено дека на автопатот Северна обиколница на град Скопје, кај надвозник за с.Смилковци, патничко возило „нисан кашкаи“ со грчка национална ознака, управувано од И.Н.(64) од Република Грција, изгубило контрола и излетало од патот.

-Во несреќата со тешки телесни повреди се здобиле возачот И.Н. и сопатничката М.К.(64) од Република Грција, на кои им била укажаната лекарска помош во Градската општа болница „8 Септември“, информира МВР.

Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Скопје.