среда, 15. ноември 2023. Вести денес: 0
home Хроника

Хаос на плажа во Охрид: Маж се тепал со три лица, а потоа полицијата му влезе дома – еве што најде таму

Хаос на плажа во Охрид: Маж се тепал со три лица, а потоа полицијата му влезе дома – еве што најде таму

На 08.07.2023 година околу 14:20 часот, на плажа на брегот на Охридското Езеро, нарушен е јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу К.Б.(45) од една и К.И.Б., Л.И. и М.Б., од друга страна, сите од Охрид.

Во врска со случајот, при претрес, извршен по судска наредба во домот на К.Б.(45) од Охрид, полициските службеници од одделението за борба против дрога и оружје пронајдоа и одзедоа една ловна пушка „Маверик“ калибар 12 милиметри и 59 куршуми различен калибар.

По целосно расчистување на случајот, СВР Охрид ќе поднесе соодветна пријава.