среда, 8. ноември 2023. Вести денес: 0
home Хроника

Холанѓанец прегази маж во Скопје, со тешки повреди пренесен во Ургентен

Холанѓанец прегази маж во Скопје, со тешки повреди пренесен во Ургентен

Сообраќајна несреќа во која пешак е тешко повреден се случила вчера оклу 9 часот на бул.„Никола Карев“, во Скопје.

Од МВР информираат дека патничко возило „БМВ 530“ со холандски национални ознаки, управувано од А.А. (30) од Холандија, удрил во пешакот Џ.Р. (62) од с.Визбегово, скопско.

-Од ударот Џ.Р. се здобил со тешки телесни и бил пренесен во Ургентен центар при комплексот клиники „Мајка Тереза“-Скопје. По укажаната помош тој бил задржан на лекување, се наведува во текстот.

Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Скопје.