На 10.12.2019 во 21.45 часот на магистралниот пат Кичево – Охрид, во атарот на с.Радомирово, општина Дебарца, патничко возило „опел вектра“, со тетовски регистарски ознаки, управувано од Љ.В.(46) од с.Порој, тетовско, изгубило контрола и излетало од патот, при што удрило во Е.М.(76) од Охрид и паркирано патничко возило „опел астра“, со охридски регистарски ознаки.
Во незгодата, Е.М. се здобил со тешки телесни поврди и бил пренесен во болницата „Св.Еразмо“ за укажување лекарска помош. Увид на местото на настанот извршил јавен обвинител и екипа од СВР Охрид, информираат од МВР.