Полициски службеници на СВР Тетово денеска (31 јануари) околу 11:40 часот, на улица „Илинденска“ во Тетово, го лишиле од слобода 54-годишниот А.Д. од скопско Арачиново.
Приведен е поради сомнение дека заедно со малолетник од Скопје, со кого одржувала контакт преку социјалните мрежи, на 29-ти овој месец во Тетово извршиле обљуба на малолетничка од Тетово.
Тој е задржан во Полициската станица Тетово за расчистување и документирање на случајот, кој вчеравечер (30 јануари) во 19 часот во СВР Тетово го пријавила 40-годишната мајка на малолетничката.