Двајца браќа пријавиле дека вчера во скопската населба Гази Баба добиле закани од човек со иницијали Н.П., кој имал пиштол, информираат од МВР.
„На 7 март 2023 во 17.45 часот во СВР Скопје, Ф.А.(33) од Скопје пријавил дека околу 16.20 часот на подрачјето на Гази Баба, Н.П. со пиштол упатил закани кон него и кон неговиот брат“, се вели во политиското соопштение.
Од МВР додаваат дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.