Надлежен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Гостивар, поднесе Предлог за издавање казнен налог против 44-годишен гостиварец кој го сторил кривичното дело – Непостапување според здравствените прописи за време на епидемија од член 206 став 1 од Кривичниот законик и на Основниот суд Гостивар му предложи на обвинетиот да изрече парична казна во висина од 100 дневни глоби.
Обвинетиот на 5 мај 2021 година за време на епидемија, постапил спротивно на упатствата и прописите со кои беа определени мерки за сузбивање и спречување на заразната болест Ковид-19. Тој се тестирал со PCR тест за присуство на SARS Cov 2, по што од извршените тестирања било потврдено дека е позитивен на вирусот и Државниот санитарен и здравствен инспекторат му издал решение за домашна изолација. Но, обвинетиот го напуштил живеалиштето, заминал за од подрачјето и отпатувал за Швајцарија.