вторник, 21. ноември 2023. Вести денес: 0
home Хроника

Имал забрана за приближување, а тој се заканувал и ја претепал сопругата- кривична за тетовец

Имал забрана за приближување, а тој се заканувал и ја претепал сопругата- кривична за тетовец

СВР Тетово поднесе кривична пријава против Т.М.(39) од село Брвеница, тетовско, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „телесна повреда при семејно насилство“, „загрозување на сигурноста при семејно насилство“ и „неизвршување на судска одлука“.

На 29.11.2022, и покрај изречената забрана за приближување до неговата сопруга и нивната ќерка, пријавениот се заканувал и физички ја нападнал неговата сопруга.