недела, 17. декември 2023. Вести денес: 0
home Хроника

Излетал со автомобилот од пат, повреден млад битолчанец

Излетал со автомобилот од пат, повреден млад битолчанец

На 22.11.2022 во 07.47 часот во СВР Битола било пријавено дека на патот Битола-Ресен, А.Ќ.(25) од с.Велушина, битолско, управувајќи патничко возило „фолксваген голф“ со битолски регистарски ознаки, изгубил контрола над возилото и излегол од коловозот, информира МВР.

Во несреќата возачот се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Клиничка болница Битола.

Увид извршила увидна екипа на СВР Битола.