недела, 19. ноември 2023. Вести денес: 0
home Хроника

Ја нападнал сопругата, а на цело семејство му се заканувал со пиштол – маж од Тетово во притвор

Ја нападнал сопругата, а на цело семејство му се заканувал со пиштол – маж од Тетово во притвор
илустрација

СВР Тетово поднесе кривична пријава против Н.С.(33) од Тетово поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „загрозување на сигурноста“ при семејно насилство, „телесна повреда“ при семејно насилство и „неовластено производство и пуштање во промет на „наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурзори“.

На 15.06.2023 било пријавено дека Н.С. физички ја нападнал неговата 32-годишна сопруга, а на останатите членови од семејството со пиштол им се заканувал.

Од извршен претрес во домот и помошните простории бил пронајден и одземен кокаин. На пријавениот му е одредена мерка притвор.