понеделник, 6. ноември 2023. Вести денес: 0
home Хроника

Југо украдено во Ќерамидница

Југо украдено во Ќерамидница

Непознато лице вчера во периодот од 6:30 до 15 часот украло автомобил „Југо 55“, сопственост на 54 годишниот скопјанец М.Т.

Кражбата се случила на улицата „808“ во Ќерамидница, а сторителот без да биде забележан го стартувал возилото со клучевите кои биле оставени на воланот и го напуштил местото на настанот.

Полицијата презема мерки за пронаоѓање на возилото.