четврток, 9. ноември 2023. Вести денес: 0
home Хроника

Камион со два тони марихуана биле украдени од магацин во Јосифово

Камион со два тони марихуана биле украдени од магацин во Јосифово
илустрација

Камион натоварен со околу два тона цвет од марихуана, украден е околу 3 часот по полноќ, од склад на фирмата Ghio шпедиција, лоцирана во село Јосифово, пишува Нетпрес.

Оваа информација ја потврди Министерството за внатрешни работи.

Неофицијално, постојат шпекулации дека зад грабежот стојат блиски роднини на функционери од врвот на власта во Македонија, а украдениот камион со марихуаната сега веќе се наоѓа во Србија.

-Околу 03.00 часот, во Полициска станица Валандово е пријавена кражба на марихуана од склад за марихуана на фирма во село Јосифово. СВР Струмица презема интензивни мерки и активности за целосно расчистување на пријавеиот настан, соопштија од МВР.