сабота, 25. ноември 2023. Вести денес: 0
home Хроника

„Ќе му ја запалам куќата ако не ми дадеш 5.000 евра“ – кумановец ќе одговара за ИЗНУДА

„Ќе му ја запалам куќата ако не ми дадеш 5.000 евра“ – кумановец ќе одговара за ИЗНУДА

СВР Куманово поднесе кривична пријава против И.М.(36) од Куманово поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „изнуда“.

Пријавениот, во неколку наврати, на мобилен телефон испраќал СМС пораки со закани кон жена од Куманово дека ќе ја запали куќата на нејзиниот брат ако не му даде 5.000 евра.

За тие пари тој тврдел дека му ги должел нејзиниот брат.