недела, 19. ноември 2023. Вести денес: 0
home Хроника

Кривична пријава против гостиварец – вршел јавен превоз без да поседува лиценца

Кривична пријава против гостиварец – вршел јавен превоз без да поседува лиценца
фото илустрација

ОВР Гостивар поднесе кривична пријава против лицето В.С.(68) од с.Врапчиште, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „вршење на јавен превоз без поседување лиценца“.

На 03.02.2022 во населба ,,Млаки“ во Гостивар, полициски службеници извршиле контрола и констатирале дека пријавениот со патничко возило „опел вектра“ врши јавен превоз на патници без поседување на соодветна документација за вршење на дејноста издадена од надлежна институција.