четврток, 18. јануари 2024. Вести денес: 0
home Хроника

Кривична пријава против кичевчанка и едно правно лице за „даночно затајување“

Кривична пријава против кичевчанка и едно правно лице за „даночно затајување“

ОВР Кичево поднесе кривична пријава против Х.Ј.(35) од Кичево и против правно лице со седиште во Кичево, на кое таа била управител, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „даночно затајување“.

Пријавената, во својство на управител на правното лице, со намера да одбегне целосно и делумно плаќање данок, дала лажни податоци за приходите на правното лице за 2017 и 2018 година и не пријавила приход за остварениот промет за истите периоди.

Со тоа, на Државниот буџет му била причинета вкупна штета во износ од 514.305 денари.