Регионалниот центар за гранични работи Север поднесе кривична пријава против М.Х.(46) од с.Драчевица, општина Студеничани, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „фалсификување исправа“ и „непостапување според здравствени прописи за време на пандемија“.
На 08.10.2021 на Граничен премин „Табановце“ пријавената приложила фалсификуван ПЦР тест.