среда, 8. ноември 2023. Вести денес: 0
home Хроника

Кривична пријава против жена од Свети Николе, неовластено продавала распрскувачки материи

Кривична пријава против жена од Свети Николе, неовластено продавала распрскувачки материи

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Свети Николе поднесе кривичнa пријавa против М.С.(42) од Свети Николе, за сторено кривично дело „недозволено изработување, држење и тргување со оружје или распрскувачки материјали“.

Пријавената, во колонијална продавница во Свети Николе, за свои потреби неовластено продавала поголемо количество на распрскувачки материи. По извршена контрола од страна на полициски службеници, пронајдени се и одземени се пакувања со 114 огномети.